Top Sport

Репка осуден за објавувањето фотографии на поранешната сопруга!

Поранешниот чешки дефанзивец, Томаш Репка доби шестмесечна условна казна затвор, откако објавуваше огласи нудејќи ја својата поранешна сопруга, Владка Ербова, а неговата сегашна партнерка, ТВ-презентерката Катерина Кристелова доби парична казна од 2.000 евра за својата улога во инцидентите.

44-годишниот Репка, кој беше познат како екстремно груб фудбалер и кариерата ја заврши со 20 црвени картони, објавувал лажни реклами за агенција за придружнички за неговата поранешна сопруга, која на суд призна дека морала да добива психијатриска помош по инцидентот.

„Кога дознав кој го направил тоа, колабирав. Не можев да спијам и постојано бев кај психијатар“, изјави Ербова.

Репка се извини пред судот.

„Жал ми е и тоа беше погрешно. Но, моите односи со поранешната сопруга не беа добри. Не ми даваше да го гледам мојот син и ситуацијата ескалираше“, се правдаше Репка.

Scroll to Top