Top Sport

Репрезентативец на Мароко усмрти човек во сообраќајна несреќа

Младиот фудбалер на Шалке и на мароканската репрезентација, Амине Харит бил вклучен во сообраќајна несреќа во Маракеч во која еден пешак го загубил животот, потврди Мароканската фудбалска федерација.

21-годишниот Харит, кој беше дел од репрезентацијата на СП во Русија, возел Мерцедес со француски регистарски таблички во несреќата која се случила по полноќ во петокот и во која животот го загубил еден 30-годишен човек. Со него во автомобилот бил и неговиот 14-годишен брат.

Полицијата потврди дека пасошот на Харит е одземен и тој треба да се појави пред судот во понеделник.

Според Шалке, не се работел за намерен инцидент.

„Како возач на автомобилот, тој не можел да ја спречи трагичната случка. Амине и сите во Шалке праќаме сочувство кон семејството на жрвтата“, се вели во соопштението на Шалке.

Фото: ЕПА

Scroll to Top