Top Sport

Решението на проблемите во нападот на Јунајтед е Марко Арнаутовиќ?

Манчестер јунајтед своите „недостатоци“ во нападот може да ги решат со трансфер на австриската ѕвезда на Болоња, Марко Арнаутовиќ, тврди „Ла газета дело спорт“.

Арнаутовиќ имаше шест сезони во англискиот фудбал, играјќи за Стоук сити од 2013 до 2017 и во Вест хем од 2017 до 2019 година, а од лани е во Болоња на Синиша Михајловиќ, за кои постигна 15 гола во 34 настапи минатата сезона. 33-годишниот ветеран не би имал проблем да се пресели во Премиерлигата, но проблем може да претставува високата сума која Болоња ја постави за него, првично поради интересот на Јувентус.

Ова не е првпат Јунајтед да се поврзуваат со Арнаутовиќ. Во 2018 година, Жозе Мурињо сакаше да го донесе на „Олд Трафорд“ од Вест хем, но доби отказ еден месец пред јануарскиот преоден рок и Арнаутовиќ замина за Шангај порт во Кинеската Суперлига.

Scroll to Top