Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата во градот уште во 2016 година го отвори ресторанот „Tapeo & Wine”. Сега, поради корона-кризата тој „плива“ во долгови.
Британски „Сан“ пренесува дека долгот е околу еден милион фунти.
Идејата на Мата за отворање на ресторанот била незадоволителната понуда на шпанска храна во Манчестер.
Храната и виното во неговиот ресторан имаат одлични препораки од гостите. Бизнисот го води неговиот татко.
Мата не планира да се повлече од овој бизнис. Не е загрижен премногу ниту за долгот затоа што во Јунајтед заработува по 180.000 фунти неделно.