Top Sport

Ретклиф и официјално е газда на Ница

Британскиот милијардер Џим Ретклиф е новиот сопственик на Ница, потврдија од овој фудбалски клуб.

Третиот најбогат човек во Велика Британија, основач и сопственик на компанијата „Инеос“, издвоил 100 милиони евра за да го купи овој фудбалски клуб.

Пред неколку месеци Ретклиф се поврзуваше со Челси, меѓутоа Роман Абрамович во последен момент се откажа од продажбата на клубот.

„Долг беше патот за да стигнеме до тука“, изјавил Ретклиф откако добил дозвола од француските власти да го купи клубот.

Инаку Реткиф од 2017 година е сопственик на Лозана, клуб што се натпреварува во втората лига на Швајцарија.

Scroll to Top