Поранешниот француски репрезентативец Франк Рибери и наредната сезона ќе го носи дресот на минхенски Баерн. Рибери, во понеделникот, го продолжил договорот со клубот, во кој пристигна во 2007 година.
Рибери со Баерн осум пати ја освоил Бундеслигата, пет пати го подигнал трофејот наменет за победникот во Купот, а највредниот трофеј го освои во 2013 година, кога Берн победи во Лигата на шампионите. Истата година Баварците го освоија и клупскиот Мундијал.
Инаку,клубот не ги соопшти финансиските детали од договорот на договорт на Рибери. По Рибери, во минхен, се очекува договорот да го продолжи и вториот ветеран, Холанѓанецот Аријан Робен.
@FranckRibery gibt bei #Instagram seine Vertragsverlängerung beim @FCBayern bis 2019 bekannt, löscht sein Foto aber kurz danach wieder. ?
Wir warten auf offizielle Bestätigung… ⏰ pic.twitter.com/LOjGSwkKqr
— DW | Sport (@dw_sport) May 7, 2018