Поранешниот хрватски репрезентативец, Марио Манџукиќ неодамна го раскина договорот со катарски Ал Духаил и сега повторно бара ангажман во некој европски клуб.
Калчолигашот Фиорентина е заитересиран за негов ангажман со тоа што би добиле искусен фудбалер во нападот од кој младата ѕвезда, Душан Влаховиќ ќе може да собира искуство.
Фиорентина планира да продолжи со брендирањето на својот клуб, па освен Франк Рибери, сака во своите редови да доведе фудбалер со репутација во Европа.
Токму францускиот ас треба да помогне за Хрватот да се пресели во Фиренца. Според пишувањата на „Fiorentina news“, Рибери треба да го наговори Манџо да стане „виолетов“.
Проблем претставува високата плата која ја бара напаѓачот, а наводно станува збор за 5 милиони евра годишно. Тој износ не е прифатлив за клуб од рангот на Фиорентина.