Top Sport

Рибери му се извини на истепаниот новинар

Фудбалерот на Баерн Минхен, Франк Рибери, му се извинил на новинарот Патрик Гиј, поради вербалниот и физичкиот напад, по дербито во Дротмунд, кое Баварците го загубија со 3:2.

Францускиот новинар, кој според кажувањата е добар пријател со играчот на Баерн, рекол дека Рибери е директно виновен за два гола што ги примил Баерн. Потоа фудбалерот му удрил три шлаканици и еднаш го удрил во градите.

Клубот го потврди инцидентот со соопштение дека раководството работи на решавање на проблемот.

Француските медиуми објавија дека Гиј бил на разговор во Минхен и дека лично добил извинување од Рибери.

Баерн се уште не смислиле каква ќе биде казната за Рибери.

Scroll to Top