Франк Рибери ќе го заврши 12-годишното присуство во тимот на Баерн Минхен кога неговиот договор ќе заврши на 30 јуни, но поранешниот француски репрезентативец вели дека еден ден се надева дека ќе се врати на „Алијанц арената“ во улога на тренер.
По над 400 настапи и 120 голови за бундеслигашот, Рибери најави дека ќе ја продолжи кариерата, но со своите 36 години веќе гледа кон иднината и поинаква кариера.
„Секогаш сум имал победнички менталитет и сакам да го пренеам тоа. Чувствувам што мислат фудбалерите и ги познавам добро. Еден ден ќе знам како е да се биде тренер. Засега, мислам дека можам уште да играм во врвни клубови бидејќи имам огромно искуство. Секогаш сум бил професионалец и сум работел дисциплинирано и постојано. Знаев дека ова е последната сезона во Баерн, но тоа не значеше дека сум опуштен“, вели Рибери.
Рибери стана легенда во Баварија откако беше донесен од Марсеј за германски рекорд од 26 милиони евра во 2007 година. Тој одигра 425 натпревари за Баерн, постигнувајќи 124 голови.