Top Sport

Рибери се збогуваше со „братот“ Видал

Франк Рибери вели дека играњето за Баерн Минхен нема да биде исто оваа сезона бидејќи во тимот ќе го нема добриот пријател, Чилеанецот Артуро Видал.

31-годишниот Видал е соиграч на Рибери откако дојде од Јувентус во 2015 година, освојувајќи три титули од Бундеслигата, но Чилеанецот сега доби шанса да заигра за Барселона и францускиот ветеран му прати порака на шпански преку Твитер.

„Брату, не знаеш колку ќе ми недостасуваш. За мене ти си најдобриот, човек со вредности и со принципи и навистина сум горд што играв покрај тебе. Ти посакувам најдобро во иднината, бидејќи ти си воин, нешто што станува многу ретко во нашиот спорт“, напиша Рибери на Твитер.

Scroll to Top