Натпреварот помеѓу ПСЖ и Башакшехир, во Лигата на шампионите, синоќа беше прекинат во 13.минута. Гостите го напуштија теренот, а потоа истото го направија и фудбалерите на ПСЖ, бидејќи четвртиот судија Себастијан Колтеску, асистентот во стручниот штаб на Башакшехир, Пјер Вебо, го нарекол „црнец“.
Најголем дел од коментарите и расправите по повод овој случај се дека станува збор за расизам. Со овие констатации не се согласува поранешниот репрезентативец на Англија, Мика Рочардс.
„Сега да влезе некој во оваа просторија и да каже ‘that black man’, нема да се почувствувам навреден, тоа би бил логичен опис. Доколку на ова се сведува вечерашниот инцидент, тогаш мислам дека реакцијата на Демба Ба и Пјер Вебо е претерана. Сепак да почекаме и да го добиеме вистинскиот извештај“, рекол Ричардс кој во кариерата играл и за Манчестер сити.