ВАР системот оваа сезона во Италија направил 16 до 18 грешки смета еден од најценетите европски судии Никол Рациоли.
Овој систем чија задача е да ги сведе грешките на судиите на минимум, во италијанскиот фудбал започна да се користи од оваа сезона.
„Вклучувајќи го и овој викенд, системот направил 16 до 18 грешки. Технологијата не може да не направи да бидеме имуни на грешките. Целта е да се намали бројот на грешките“, смета Рицоли.
Тој дополнил дека се следат меѓународни протоколи за да се намалат грешките. Самиот го поддржува воведувањето на технологијата во фудбалот.