Top Sport

Ридигер: Санкциите за Челси немаат врска со трансферот во Реал

Антонио Ридигер открива дека санкциите кои ги доби Челси поради претходниот газда Роман Абрамович немаат врска со неговата одлука да не го продолжи договорот со „сините“ и да се реши за трансфер во Реал Мадрид.

По вчерашниот пораз од Ливерпул во финалето на ФА купот, германскиот репрезентативец зборуваше за заминувањето од „Стемфорд Бриџ“ по пет годдини.

„Не сакам да навлегувам длабоко во работите. Имаше шанса да останам, но санкциите не беа проблем. Петте години тука беа со многу позитивни работи, и затоа сум дополнително исфрустриран бидејќи сакав поинаков крај со трофеј. Челси беа добри за мене и јас бев добар за Челси. Благодарен сум за мене и за моето семејство, бидејќи тука станав маж. Моите деца се родени тука и Лондон и Челси секогаш ќе бидат посебни за мене“, вели Ридигер.

Scroll to Top