Top Sport

Ридигер се извини што го „лајкнал“ постот на Нурмагомедов!

Германскиот дефанзивец на Челси, Антонио Ридигер се дистанцираше од Хабиб Нурмагомедов и неговиот контроверзен пост за францускиот претседател Емануел Макрон, велејќи дека направил грешка што лајкнал пост на јазик кој не го познава (руски).

Нурмагомедов минатата недела имаше фуриозен пост за Макрон, барајќи од Господ да му го „преобрази“ лицето на францускиот претседател за навреда на Исламот. Ридигер, кој е Муслиман, се приклучи на Дејвид Бекам (личен пријател на Хабиб), Карим Бензема, Преснел Кимпембе во лајкнување на постот, но сега вели дека тоа не ги отсликува неговите ставови.

„Секако, не треба да лајкнувате постови кои се напишани на јазици кои не ги разбирате воопшто. Јас отфрлам било какво насилство и се дистанцирам од ваква соддржина. Се извинувам за лајкот, кој го повлеков. Не прифаќам такви ставови“, вели Ридигер.

И Хабиб го проколна францускиот претседател Макрон

Scroll to Top