Top Sport

Риека го посрамоти Рино и Милан (видео)

Кризата на Милан нема крај. Хрватскиот шампион Риека, иако без шанси за понатамошен пласман во Лигата на Европа го совлада италијанскиот претставник со 2:0, за да ја прекине победничката европска низа и да не дозволи Џенаро Гатузо да ја забележи првата победа на чело на „росонерите“.

Гатузо дебитираше на клупата на Милан во шокантното 2:2 реми против Беневенто, и требаше да ја врати самодовербата на клубот на гостувањето од другата страна на Јадранот, но наместо тоа доживеа вистински шок.

Домаќините поведоа по само седум минути преку Јаков Пуљиќ од фантастичен слободен удар, кој ветеранот на голот, Марко Сторари не можеше да го фати.  Марио Гаврановиќ го удвои водството на Риека на почетокот на второто полувреме.

ГРУПА А

Славија Прага – Астана 0:1

Вилјареал – Макаби Тел Авив 0:1

Конечна табела: 1.Вилјареал 11, 2.Астана 10, 3.Славија П. 8, 4.Макаби Т.А. 4

ГРУПА Б

Динамо Киев – Партизан 4:1

Јанг Бојс – Скендербеу 2:1

Конечна табела: 1.Динамо Киев 13, 2.Партизан 8, 3.Јанг Бојс 6, 4.Скендербеу  5

ГРУПА Ц

Хофенхајм – Лудогорец Разград 1:1

Башакшехир – Брага 2:1

Конечна табела: 1.Брага 10, 2.Лудогорец 9, 3.Башакшехир 8, 4.Хофенхајм 5

ГРУПА Д

Австрија Виена – АЕК Атина 0:0

Риека – Милан 2:0

Конечна табела: 1.Милан 11, 2.АЕК 8, 3.Риека 7, 4.Австрија 5

ГРУПА Е

Аполон Лимасол – Евертон 0:3

Аталанта – Лион 1:0

Конечна табела: 1.Аталанта 14, 2.Лион 11, 3.Евертон 4, 4.Аполон 3

ГРУПА Ф

Копенхаген – Шериф 2:0

Злин – Локомотив Москва 0:2

Конечна табела: 1.Локомотив 11, 2.Копенхаген 9, 3.Шериф 9, 4.Злин 2

 

Scroll to Top