Легендата на италијанскиот фудбал, Даниеле де Роси се соочува со отказ од Бока јуниорс по само една сезона во аргентинскиот клуб, откако претседателот на клубот, Хуан Роман Рикелме се сомнева во физичката подготвеност на поранешниот фудбалер на Рома.
36-годишниот Де Роси беше пречекан како суперѕвезда во Буенос Аирес во јуни кога потпиша едногодишен договор со клубот, но тој имаше само четири старта во аргентинската лига поради постојаните повреди.
Според аргентинскиот портал „Оле“, Де Роси не успеал да го убеди новиот претседател на Бока, Хуан Рикелме дека е подготвен да се врати во топ-форма и сега се очекуваат преговори кои најверојатно ќе завршат со отказ за Италијанецот. Де Роси во моментов е во Италија каде што ги поминува божиќните празници со својата сопруга и ќерките.
Рикелме беше избран за нов претседател на Бока овој месец. Де Роси по 18 години ја напушти Рома ова лето и иако беше заинтересиран новиот тим на Дејвид Бекам, Интер Мајами, реши да ја оствари желбата од детството и да заигра за Бока.