Top Sport

Рики Масара е нов спортски директор на Милан

Милан и официјално го ангажираше поранешниот прв човек на Рома, Фредерик Рики Масара како нов спортски директор на „росонерите“. Масара ќе одговара директно на техничкиот директор на тимот Паоло Малдини.

„Пресреќни сме што можеме да му посакаме добредојде на Фредерик во нашиот тим. Тој ќе донесе вредност во тимот и ќе работи на стратегиите на развојот на Милан“, изјави Малдини.

Масара играше како напаѓач во пониските италијански лиги (Павија, Пескара и Палермо) во 1990-тите, по што во 2016/17 беше спортски директор на Рома, пред да се врати на оваа позиција и по заминувањето на Шпанецот Мончи во март. 51-годишниот Масара исто така работеше во Интер од 2017 до 2018 година.

Со него се комплетира новиот менаџерски состав на „росонерите“ – Малдини како технички директор, Звонимир Бобан како директор за фудбал и Марко Џампаоло како тренер на тимот.

Scroll to Top