Top Sport

Риксен ја загуби борбата со тешката болест

Поранешниот холандски репрезентативец Фернандо Роксен (43) по долга и тешка болест починал во средата, соопштија од неговиот поранешен клуб Глазгов Ренџерс.

Во кариерата настапувал за Фортуна, АЗ Алкмар и Зенит. Риксен во 2013 година ја завршил кариерата, а неколку месеци подоцна било откриено дека боледува од АЛС, односно амиотрофична латерална склероза. Оваа болест го напаѓа нервниот систем и прогресивно предизвикува целосна парализа.

Риксен шест години се борел со болеста, а за да им помогне на луѓето кои се соочуваат со тешката болест отворил фондација. Преку својата фондација организирал фудбалски меч на „Ајброкс парк“ во Глазгов и успеал да собере 320.000 фунти.

Најдобриот период во кариерата Риксен го имал токму во Глазгов (2000-2006), со „полицајците“ освоил две шампионски и една Куп титула во Шкотска, а откако се преселил во Зенит триумфирал во Купот на УЕФА.

За репрезентацијата на Холандија одиграл 12 натпревари.

Scroll to Top