Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид Фреди Ринкон раскажал дека бил соочен со расизам во „кралскиот клуб“. Ринкон тврди дека на црномурните фудбалери им било потешко да успеат на „Сантијаго Бернабеу“.
„За да станете голем играч во Реал Мадрид треба да сте белец. Во секојдневниот живот во Мадрид немав проблеми со расизмот, но да опкружувањето беше тешко во најдобриот тим во светот“, рекол поранешниот репрезентативец на Колумбија и дополнил.
„Ситуацијата беше тешка и за тренерот Хорхе Валдано, имаше притисоци врз него. Јас сум му благодарен бидејќи ме натера да пораснам како играч и особа“.
Фреди Ринкон во сезоната 1995/1996 одигра 21 натпревар за Реал Мадрид. Во кариерата Колумбиецот настапувал за Наполи, Палмеирас и Коринтијанс.
Реал 1995/1996