Top Sport

Рио Фердинанд: Манчестер јунајтед не знае да се збогува со своите фудбалери

Рио Фердинанд смета дека неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед е „еден од најлошите“ кога се зборува за оддавањето почит на поранешните фудбалери, признавајќи дека бил налутен од начинот на кој замина во 2014 година.

Фердинанд зборуваше за одлуката на Јунајтед и на менаџерот Ралф Рангник да не му дадат шанса на Џеси Лингард да влезе на теренот на „Олд Трафорд“, по што неговиот брат, Луи Скот го нападна клубот. Лингард е член на Јунајтед од својата седма година.

„20 години крв, пот и солзи, 4 домашни трофеи, 3 голови во финалиња на купови, но без збогување. Не е ниту чудно што следната година ќе играат во Конференциската лига“, напиша Скот.

Фердинанд се потсети на своето заминување од клубот во 2014.

„Мислам дека Јунајтед се едни од најлошите кога се зборува за збогувањето, бидејќи гледатево странство како фудбалерите кои голем дел од својата кариера ги поминале во клубот, добиваат феноменални проштални мечеви. Но, во Јунајтед не сметаат дека тоа е важно. Јас бев налутен кога ми кажаа дека сум готов и дека треба да си одам. Сфаќам како се чувствува братот на Џеси, но тоа што го кажа е непотребно. Не требаше така да реагира“, вели Фердинанд.

Scroll to Top