Top Sport

Рио Фердинанд: Нема подобар млад фудбалер од Санчо

Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд вели дека „ѓаволите“ мораат да ги дадат потребните пари и да го купат Џејдон Санчо, бидејќи тој е најдобриот млад фудбалер на светот.

Со своите 20 години, Санчо веќе е редовен англиски репрезентативец и ѕвезда во првиот тим на Борусија Дортмунд по трансферот од Манчестер сити кога имаше 17 години. „Ѓаволите“ подолго време преговараат со германскиот клуб за трансфер, но Дортмунд остануваат на цената од 120 милиони евра и посочија дека Јунајтед го поминале крајниот рок за договор, иако имаа слични изјави и пред продажбата на Пјер-Емерик Обамејанг на Арсенал и Усман Дембеле на Барселона.

„Тој е фантастичен! Ако дојде во Јунајтед веднаш ќе даде вредност на тимот, никој не се сомнева во тоа. На Манчестер јунајтед му се потребни врвни фудбалери кои веднаш ќе влезат во стартниот тим и мислам дека Џејдон Санчо е во таа категорија. Во сите успешни тимови на Манчестер јунајтед имаше фудбалери кои се бореа за секоја позиција и кога ќе направеше замена квалитетот не паѓаше“, вели Фердинанд.

Scroll to Top