Top Sport

Рио Фердинанд покажа колку го мрази дресот на Агуеро! (видео)

Рио Фердинанд беше искрен околу своето мислење за дресот со кој Серхио Агуеро го постигна својот најпознат и најважен гол за Манчестер сити, уништувајќи ги шансите на Манчестер јунајтед за титула.

Во една од најневеројатните завршници на Премиер лигата во 2012 година, Манчестер сити дојде до својата прва титула од Премиер лигата освоена во последното коло. Пред последното коло Сити и Јунајтед имаа ист број на поени, но Сити имаше подобра гол-разлика и им беше потребна победа над Квинс парк ренџерс дома за титулата.

Јунајтед во исто време го победи Сандерленд и покрајот на 90-тата минута беа шампиони бидејќи Сити губеа со 2:1 на неколку минути пред крајот и покрај тоа што КПР играа со 10 фудбалери. Един Џеко израмни на 2:2 од корнер во 92. минута, по што Серхио Агуеро го постигна победничкиот гол.

Разгледувајќи ги најважните дресови во неговата кариера, во видеото Рио „налета“ на дресот на Агуеро и остана искрен. Одете на 7:57 во видеото за да го изгледате само овој дел.

„Не можеш против ова, ова беше лош момент. Мислевме дека ја имаме титулата, го победивме Сандерленд и сите велеа дека сме шампиони. И потоа, фановите на Сандерленд полудеа и ми беше јасно дека дадоа гол“, вели Фердинанд по што го фрли дресот во лутина.

И секако потсетете се на лудата завршница!

Scroll to Top