Top Sport

Рио Фердинанд признава: Меси не посрамоти сите

Рио Фердинанд признава дека поразот на Манчестер јунајтед во финалето на Лигата на шампионите на „Вембли“ во 2011 од фантастичниот тим на Барселона му паднал посебно тешко и дека се чувствувал „посрамотен“ од Лео Меси.

Тики-така мајсторскиот тим на Пеп Гвардиола тогаш ја освои европската титула вторпат во само три години, откако две години претходно во Рим две години претходно ги совладаа Јунајтед со 2:0, но 3:1 поразот во Лондон беше многу потежок за „ѓаволите“.

Фердинанд, кој дозволи Меси да постигне гол со грешка во финалето во 2009, повторно имаше лош меч во кој тој и Немања Видиќ беа декласирани од Каталонците.

„Меси беше убиец! Роналдињо беше нереален, фудбалски магионичар, но со Меси беше невозможно да се игра. Како да имаше гарантирано гол или асистенција во секој напад. На ’Вембли’ ни дадоа вистинска фудбалска лекција. Стоев таму и ги гледав како го креваат трофејот, и на Рајан Гигс и на Пол Сколс им признав дека се чувствувам засрамено“, вели Фердинанд.

Scroll to Top