На легендата на Манчестер јунајтед и на англиската репрезентација, Рио Фердинанд му е одземена возачката дозвола во траење од шест месеци, откако призна дека е виновен за последното од многуте обвиненија за пребрзо возење.
41-годишниот Фердинанд возеч 85 милји на час на 22 јули минатата година и доби казна од шест месеци без дозвола и 822 фунти. Бидејќи на својата возачка дозвола веќе имаше девет казнени поени, таа автоматски му е доземена.
Фердинанд се правдаше на судот дека ваква казна ќе му предизвика „голем проблем“ бидејќи тој ги вози своите деца во училиште, а постојано е и на ТВ-екраните како коментатор. Ова не е првпат тој да има проблеми со автомобилите – во 2012 година трипати беше фатен како вози пребрзо во Манчестер и возачката му беше одземена на шест месеци, а слични прекршоци имаше и во 2002, 2003 и 2005, додека во 1997 година беше казнет за возење во алкохолизирана состојба.