Бразилскиот напаѓач на Евертон, Ришарлисон, вели дека му претставува „чест“ да го има Карло Анчелоти како тренер, опишувајќи го италијанскиот ветеран како „конкурентен и многу умен“.
Анчелоти го замени Марко Силва на „Гудисон парк“ во декември додека клубот беше блиску до зоната за испаѓање, и во првите 11 меча под негово водство, „карамелите“ имаа 5 победи и 3 ремија пред паузата поради корона вирусот.
„Имам чест да кажам дека работам со еден од најдобрите тренери во историјата. Карло е тренер кој го гледа фудбалот како малку други луѓе и има менталитет за напаѓачки фудбал. Тој е многу конкурентен и многу умен и сака да има тим кој размислува така. Го извлекува најдоброто од фудбалерите и се обидувам да учам од него секој ден кога сме заедно“, вели 23-годишниот Ришарлисон.