Top Sport

Ристовски и Спортинг сигурни, Динамо извлече реми против Лацио (видео)

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски одигра 90 минути за Спортинг Лисабон, а португалскиот тим стигна до релативно удобна 2:0 победа над чешкиот Плзењ, за помирен реванш.

Колумбиецот Фреди Монтеро постигна два гола (едниот од пенал), по еден во двете полувремиња на  „Жозе Алваладе“ за победата.

Динамо Киев се враќа во Украина со надеж за пласман во четврт-финалето на Лигата на Европа, откако на гостувањето на „Олимпико“ кај Лацио успеа да извлече реми 2:2.

Најтрофејниот украински клуб поведе на почетокот на второто полувреме преку Виктор Циганков, пред Лацио да се врати со два гола за осум минути за пресврт – прво стрелаше Чиро Имобиле, а потоа Андерсон ја искористи асистенцијата на Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Жуниор Мораеш им даде надеж на Украинците дека можат да го елиминираат силниот противник во 79. минута.

Марсеј пак, на домашен терен го победи баскискиот Атлетик Билбао со 3:1. Лукас Окампос постигна гол во првата минута од мечот, по што Димитри Паје зголеми на 2:0 во 14. минута во фуриозниот старт на  „Велодром“, пред Атлетик да постигне драгоцен гол на гости од пенал на крајот на првото полувреме, повторно преку Окампос.

Зенит успеа да постигне гол во финишот за на крајот со минимални 2:1 да биде совладан на гостувањето кај Ред Бул Лајпциг. Германскиот вице-шампион имаше одлични 2:0 откако Тимо Вернер намести еден гол, и постигна уште еден, но тимот на Роберто Манчини намали на 2:1 во 86. минута преку Доменико Крискито, откако Италијанецот постигна убав гол од слободен удар.

Фото: ЕПА

ЛИГА НА ЕВРОПА, 1/8 ФИНАЛЕ, ПРВ НАТПРЕВАР

Лацио – Динамо Киев 2:2

Марсеј – Атлетик Билбао 3:1

РБ Лајпциг – Зенит Санкт Петербург 2:1

Спортинг Лисабон – Викторија Плзењ 2:0

Scroll to Top