Top Sport

Ривалдо: Абидал испадна наивен, Меси со право му се налути

Поранешниот фудбалер на Барселона, Ривалдо, смета дека Лионел Меси има право да му биде лут на спортскиот директор Ерик Абидал.

Абидал во интервју за каталонскиот „Спорт“ рекол дека некои играчи биле заслужи што Ернесто Валверде добил отказ. Меси му одговори преку „Инстаграм“, барајќи да каже на кои играчи мисли.

Така настана нова криза во Барселона,м а првиот човек на клубот мораше да одржи состанок со Меси и Абидал.

„Реакцијата на Меси е нормална, има право да му биде лут на Абидал поради начинот на кој што Ерик се жалеше на професионализмот на некои играчи. Абидал не спомена конкретни имиња и сега сомнежот е врз целиот тим. Меси само се обиде да се заштити себе си и да го заштити тимот, да ја сочува својата репутација и истовремено да дознае кого сакал да посочи Абидал“, рекол најдобриот играч во светот во 1999 година.

Според Ривалдо ова се интерни проблеми што треба да бидат решени внатре во клубот.

„Абидал испадна наивен, требаше да знае дека таква изјава ќе привлече внимание во медиумите, а такви проблеми се решеваат интерно. Не го направил тоа со намера, но Абидал го повреди клубот. Сега е јасно дека Валверде не бил најголемиот проблем и дека е најголемиот губитник во целата приказна. Меси и Абидал треба да разговараат како добри луѓе, а победите ќе ги залечат раните“, заклучил Ривалдо.

Scroll to Top