Поранешниот великан на Барселона, Ривалдо смета дека Усман Дембеле би бил совршен за Манчестер јунајтед доколку „ѓаволите“ не успеат да го комплетираат трансферот на ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.
20-годишниот Санчо е главна мета на тимот на Оле Гунар Солскјер ова лето, но од Дортмунд стигаат пораки дека тие го „пропуштија возот“ за негово ангажирање откако не платија 120 милиони евра за него. Ривалдо вели дека Јунајтед не треба да очајуваат.
„Усман Дембеле, конечно, се врати во тимот на Барселона и мислам дека тој е „џокер“ за нив, бидејќи се работи за огромен талент. Постојат шпекулации дека ќе замине, но додека е тука, тренерот мора да смета на него. Манчестер јунајтед биле заинтересирани и мислам дека тој ќе биде добра опција за нив. Се работи за брз и талентиран фудбалер, кому ќе му одговара играта во Премиер лигата“, вели Ривалдо.