Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ сака да остане во Барселона иако во последно време константно се споделува приказната дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран да го доведе на „Олд Трафорд“.
На „црвените ѓаволи“ летово несомнено ќе им требаат засилувања, па оттаму шпекулацијата поврзана со Ракитиќ не е чудна.
Сепак, екс-бразилскиот фудбалер Ривалдо смета дека Хрватот се уште и е потребен на Барселона.
„Постојат шпекулации во врска со заминувањето на Ракитиќ во Јунајтед, голем клуб, со голема традиција, но мислам дека Хрватот и е потребен на Барса затоа што е сјаен играч“ – вели Ривалдо.
Бразилецот смета дека Барселона летово ќе се засили и ќе се „ресетира“.
„Време е за „ресетирање“ и почеток на подготовките за новата сезона. Верува дека Барса секогаш ќе биде еден од најдобрите клубови во светот, финансиски е здрава и очекувам доаѓање на големи имиња“ – смета тој.