Иако и Пари Сен-Жермен и Реал Мадрид ги отфрлија сите шпекулации за трансфер на Нејмар, неговиот сонародник, легендарниот ас на Барселона, Ривалдо вели дека судбината на Нејмар Јуниор е еден ден да игра на „Сантијаго Бернабеу“.
Ривалдо вели дека по толку непредивдлив преоден рок (одбележан со заминувањето на Кристијано Роналдо од Реал во Јувентус), дури е можно тоа да се оствари оваа година.
„Засега, мора да му веруваме на зборот дека ќе остане во Париз, но од тоа што го знам и од коментарите кои ги слушам, верувам дека, порано или подоцна, тој ќе заврши во Реал Мадрид. Мислам дека ќе остане во Франција уште една година за да се обиде да направи нешто, но со ваков луд фудбалски пазар, не знаеме што ќе се случи следниот ден. До крајот на преодниот рок сѐ е можно“, изјави Ривалдо.