Top Sport

Ривалдо стана технички директор на марокански третолигаш!

Мароканскиот третолигаш Хабаб Мохамедија се пофали дека го ангажирале поранешниот бразилски фудбалски великан Ривалдо како нивни нов технички директор, со што најдобриот светски фудбалер од 1999 година по вторпат се враќа да работи во Африка.

Хабаб се шампиони на Мароко од 1980 година и се обидуваат да се вратат во првата лига со големи инвестиции, од кои едната е носењето на 46-годишниот поранешен фудбалер на Барселонаи Милан.

Платата на Ривалдо ќе ја обезбеди сопственикот на еден од најстарите марокански клубови, бизнисменот Хичам Аит Мена, познат по својот бизнис во градежништвото.

Ривалдо и претходно има искуство со работа во Африка, откако во 2012 година играше во тимот на Кабускорп во Ангола.


Scroll to Top