Легендата на Барселона, Ривалдо вели дека Усман Дембеле имал доволно шанси да покаже колку вреди и дека каталонскиот клуб мор да го продаде ова лето пред да размислува дали да се обиде да ги донесе Нејмар или Лаутаро Мартинез.
Дембеле пристигна на „Ноу Камп“ во 2017 со дел од парите кои Барса ги доби за рекордниот трансфер на Нејмар во Пари Сен-Жермен, но 22-годишниот Французин покрај низата повреди имаше проблеми и со професионализмот и беше казнуван неколку пати за доцнење на тренинзи. Ривалдо вели дека е доста.
„Усман Дембеле дојде во Барса пред речиси три години и веќе имаше доволно време да се прилагоди на клубот и да ја покаже својата вредност, така што најверојатно тоа нема да го направи никогаш. Да, тој уште е фудбалер со голем потенцијал, но ова лето мислам дека ќе биде продаден или сменет за друг фудбалер. Тој немаше среќа со повредите, но можеби требаше да даде малку повеќе во некои моменти. Може ќе ја препороди кариерата со некој друг клуб“, вели Ривалдо.
Дембеле имаше 74 настапи за Барса, со 19 голови.