Top Sport

Ривер му крена споменик на Гаљардо – Меѓуножјето е намерно истакнато

Аргентинскиот тренер Марсело Гаљардо со голем успех ја водеше Ривер Плата од 2014 до 2022 година. Великанот од Буенос Аирес реши да му се оддолжи за сите негови придонеси со поставување бронзена статуа пред стадионот „Монументал“. Гаљардо, меѓудоргото еднаш беше шампион на Аргентина, два пати шампион на Јужна Америка.

Споменикот посветен на 47. годишниот Галијардо е висок осум метри, но еден детаљ го привлече вниманието на најголемиот број посетители на стадионот на Ривер. Станува збор за меѓуножјето, кое, според скулпторот, било намерно нагласено.

Мерцедес Саваљ, авторката на грандиозната статуа, изјави дека намерно го истакнала овој дел поради вулгарниот жаргон што се користи на аргентинските трибини.

„Намерно претерав во тој аспект бидејќи сфатив дека тоа е поврзано со навивачите и како тие го гледаат тренерот Гаљардо“, изјави скулпторката.

„За среќа, господинот Гаљардо не побара објаснување во врска со статуата, ме пушти да работам во мир“, изјави Саваљ.

Scroll to Top