Фудбалскиот клуб Ривер плата одбил да го одигра натпреварот со Атлетико Тукуман поради пандемијата на коронавирусот. Гостинските фудбалери и судиите навреме пристигнале пред стадионот „Мониментал“, но затекнале затворени врати.
Дуелот требало да се одигра во рамките на првото коло во Суперлигата. Надлежните решиле првенството да започне меѓутоа од Ривер одбиле да го играат натпреварот.
„Прв пат ми се случува нешто вакво. Дојдовме на стадионот како и секогаш кога треба да судиме тука, меѓутоа домашниот клуб ги затвори вратите, не ни дозволија да влеземе. Ќе видиме што ќе кажат од Дисциплинската комисија“, рекол еден од судиите.
Аргентинците пишуваат дека Ривер ќе го загуби натпреварот со службен резултат, ќе му бидат одземени бодови и ќе биде парично казнет.