Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Арјен Робен го опиша својот поранешен тренер Пеп Гвардиола како „мајстор на напаѓачкиот фудбал“ и нема сомнеж дека тој е најдобриот тренер на светот.
36-годишниот Холанѓанец, кој се повлече од фудбалот минатиот јули, помина три сезони под Гвардиола во Баерн, откако пристигна во Германија под Луис ван Гал, а работеше и со Карло Анчелоти, Јуп Хајнкес и Нико Ковач во Баварија и под Жозе Мурињо во Челси.
„Прво и основно, јас го сакал фудбалот, напаѓачкиот фудбал, а Пеп е вистински мајстор. Тој се фокусираше на нападот и на целосна контрола на топката и тоа навистина ми се допаѓаше. Размислувавме исто, а тој помогна да станам комплетен фудбалер. За мене нема сомнеж – Пеп е најдобриот на светот и трите години со него беа фантастични“, вели Робен.
Робен дојде во Баерн од Реал Мадрид во 2009 и освои 20 трофеи со клубот, вклучувајќи и трофеј од ЛШ во 2013, кога постигна гол во финишот на мечот против Борусија Дортмунд. Но, тој признава дека не бил сигурен дали Баерн е вистински клуб за него.
„Тогаш сакав да ја освојам Лигата на шампионите, а Баерн не беше еден од најдобрите европски клубови. Не беше лесна одлука, но од сегашна перспектива тоа беше најдобриот избор кој можев да го направам“, вели Робен.