Top Sport

Робен и Рибери ќе останат заедно, но во Истанбул?

Баерн Минхен неодамна потврди дека двете легенди на клубот, Арјен Робен и Франк Рибери ја напуштаат Баварија откако доминираа во составот во последните десетина години.

Холанѓанецот Робен и Французинот Рибери со Баерн Минхен освоија речиси сè, но Баварците сакаат да го подмладат тимот по што за нив нема место во плановите на Нико Ковач. Сепак, тие може да го продолжат партнерството, кое некои го нарекуваа „Робери“ (грабеж по нивните презимиња), во Турската Суперлига во тимот на Галатасарај.

Турскиот великан, кој е блиску до освојување на титулата, е подготвен да им даде високи плати на двајцата ветерани, кои со клубот и следната година би играле во Лигата на шампиони.

Scroll to Top