Ветеранот на Баерн Минхен, Арјен Робен вели дека очекува уште една тешка битка против најблиските ривали за титулата во Германија, Борусија Дортмунд, и покрај падот на формата на „милионерите“ во последните недели.
Сепак, Борусија ќе има шанса да се израмни со Баерн на врвото на Бундеслигата доколку ги победат шампионите на „Вестфален“. Робен вели дека Дортмунд е поинаков тим оваа сезона благодарение на неговиот холандски сонародник, новиот тренер Петер Бос, кој преферира игра со контра-напади.
„Борусија имаше добар старт, со нов тренер, кој има посебен стил на игра, посебно со топката. Засега тоа им функционира, а мечевите во Дортмунд секогаш се тешки. Тие секогаш биле физички силен и агресивен тим“, вели Робен.
Баерн во моментов има шест победи во низа благодарение на нивниот старо-нов тренер, Јуп Хајнкес, додека Борусија е во лоша низа – само една победа во шест натпревари. 33-годишниот Робен има 10 гола и 5 асистенции во досегашните 20 мечеви против БВБ, а исто така го постигна победничкиот гол во финалето на ЛШ меѓу Баерн и Борусија во 2013 година.
„Имам многу одлични сеќавања од Борусија, тоа е сигурно. Тука сум осум години, и кога дојдов првпат тие не беа ривали за првото место, но сега дефинитивно се. Секогаш е опасно на Вестфален“, додава Робен.