Top Sport

Роберто Карлос ги разочара сонародниците

Роберто Карлос не го става Бразил меѓу топ-фаворитите за освојување на титула на Светското првенство во Русија. Оваа изјава на легендарниот фудбалер нема да им се допдне на неговите сонароднци.

Според него Германија, Шпанија и Франција се најголемите фаворити за титулата, а Бразил е веднаш зад нив.

„Не се меѓу првите фаворити, можат на секого да му дадат гол, но споре мене поголеми шанси имаат Германија, Шпанија и Франција. Бразил е зад нив, ќе мора да ја искористи секоја шанса, но ова се подобри екипи“, рекол Роберто Карлос.

Освојувачот на Мундијалот со Бразил во 2002 година меѓу фаворитие не ја гледа селекцијата на Аргентина.

„Аргентина не е меѓу фаворитите. Со Меси или без него тие не се фаворити“, дополнил Роберто Карлос.

Scroll to Top