Top Sport

Робињо по четврти пат се врати во Сантос

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Манчестер сити, Робињо по четврти пат се врати во својот клуб од детството, Сантос, потпишувајќи едногодишен договор во обид клубот да стигне до титули во домашниот шампионат и Копа Либертадорес.

Робињо беше слободен фудбалер откако се раздели со турскиот Башакшехир на крајот на 2019/20 и на 36 години последен пат се враќа на „Вила Белмиро“, и треба да му помогне на клубот кој е на осмото место на стартот на шампионатот под Хорхе Сампаоли и веќе имаат осминафинале од Либертадорес.

Робињо ја започна кариерата играјќи футсал за клубот на 12 години, пред да се пресели во првиот тим во 2001 година на 17 години и да ја освои титулата следната сезона. По три фантастични сезони, тој замина во Реал Мадрид, освојувајќи две титули, пред да биде првото засилување на тогаш новите газди на Манчестер сити, пред во 2010 да се врати во Сантос.

Потоа тој играше во Милан, повторно во Сантос, во Гуангжу Евергранде, Атлетико Минеиро и Сиваспор. За Бразил, Робињо има 100 настапи, 28 гола и титула од Копа Америка во 2007 година.

Scroll to Top