Top Sport

Робинсон пристигна во Милано, но експресно се врати!

Иако се очекуваше дека работата е завршена, американскиот репрезентативец Ентони Робинсон нема да направи трансфер од Виган во Милан, иако тој пристигна во Италија на медицински тестови со тимот.

„Робинсон ќе остане на ’ДВ стадионот’ бидејќи неговиот трансфер во Милан не можеше да биде комплетиран. Тој отпатува во Милано утрово откако клубовите се согласија за постојан трансфер во четвртокот навечер, и ги помина медицинските тестови, но беа потребни дополнителни тестови, за кои беше потребна паузаз од 72 часа, што значеше дека не можеше да се комплетира договорот пред крајот на италијанскиот преоден рок во 20 часот во петок“, се вели во соопштението на Виган.

Иако англискиот тим во своето соопштение тврди дека се работело за „проблем“ со медицинските тестови, италијанските извори тврдат дека не се постигнал договор помеѓу двата клуба поради начинот на исплата на парите за 22-годишниот дефанзивец.

Scroll to Top