Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс го критикуваше сопствениот фудбалер, Весли Фофана по неговиот обид да го примора клубот да го продадат во Челси. Французинот не беше дел од тимот при 2:1 поразот од Саутемптон минатиот викенд откако не се појавин тренинзи, и Роџерс потврди дека клубот одбил трета понуда од Челси за 21-годишниот дефанзивец, останувајќи на ценат од 85 милиони фунти.
Роџерс исто така ја спореди ситуацијата со трансферот на Хери Мегваер во Манчестер јунајтед во 2019.
„За мене, најважна е посветеноста, кога фудбалерот е подготвен да се посвети на својот тим. За Весли ова е предизвикувачка ситуација, но мораш да издржиш. Преодниот рок завршува бргу и работите ќе станат појасни. Сосема е различно со Хери. Тогаш знаевме дека може да се случи трансфер и да бидеме фер кон Хери, неговото однесуве не се промени до самиот крај. Кога дојде трансферот, си отиде и тоа е нормално. Овојпат ситуацијата е малку поинаква“, вели Роџерс.