Top Sport

Роџерс веќе бара нова куќа за новата работа во Манчестер јунајтед?

Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс е на чекор од преземање на Манчестер јунајтед, тврди британскиот таблоид „Сан“, откривајќи дека тренерот од Северна Ирска веќе бара нова куќа во близината на Манчестер.

Роџерс, кој ги предводеше Лестер до титулата од ФА купот и две петти места, а во минатото беше и менаџеер на лутите ривали на Јунајтед, Ливерпул, според „Сан“ ќе ја добие шансата да го замени Солскјер, и ќе мора да се снајде со играчите кои ги има, откако газдите решија дека во јануари нема да има купување на нови засилувања.

Според „Сан“, газдите на Јунајтед ја загубиле довербата во Солскјер по двата порази од Ливерпул (0:5) и Манчестер сити (0:2) и на итниот состанок на бордот Роџерс бил прв избор за негова замена, откако се откажале од Антонио Конте (сега во Тотенхем) и Зинедин Зидан, кои барале фонд за трансфери од над 250 милиони фунти.

Scroll to Top