Баерн Минхен загуби со 2:1 во старото германско дерби од Борусија Менхенгладбах, во меч во кој колумбискиот интернационалец Џејмс Родригез одигра само едно полувреме, поради потрес на мозокот.
Тој беше повлечен и на негово место беше поставен Марко Фридл, а тренерот Јуп Хајнкес признава дека Колумбиецот воопшто не го знаел ниту резултатот на натпреварот.
„Тој најверојатно има потрес на мозокот по ударот со Тони Јанчке. На полувремето не го знаеше ниту резултатот. По мечот сè беше во ред“, изјави Хајнкес.
Сепак, фотографиите покажуваат дека тој добива медицински третман покрај теренот во текот на првото полувреме, и дали не било подобро тој порано да биде повлечен од игра.
Подолу можете да го забележите ударот со Јанчке на околу 2:50. Јанчке по ударот заврши во болница.