Top Sport

Рохо: Мислев дека Фергусон ќе ме избрка од Јунајтед

Аргентинецот Маркос Рохо, веќе четири сезони е во Манчестер јунајтед, има одиграно 66 натпревари од доаѓањето во клубот. По Мундијалот во Бразил, Рохо од Спортинг Лисабон пристигна на „Олд Трафорд“.

Поради честите пореди Аргентинецот не одигра повеќе натпревари за Јунајтед, а оваа сезона иако е здрав ја нема довербата на Жозе Мурињо.

Поранешниот играч на Естудијантес и Спартак во едно интервју раскажал една анегдота што се случила за Божиќните празници минатата година.

„За Божиќ во Манчестер дојде моето семејство. Славевме до доцна во ноќта, по полноќ фрлавме петарди. Наредниот ден игравме натпревар, на трибините беше и Алекс Фергусон и пред мечот дојде и ми кажа:’Уживаше додека фрлаше петарди по мојот кварт’. Ќе умрев од срам, помислив дека ќе ме избркаат од клубот“, рекол Рохо.

Сер Алекс е познат како човек што не сака и не признава контроверзи, метеж или галама, поради тоа е јасно зошто не сака соседи од типот на Рохо.

Среќа за Аргентинецот што Фергусон веќе неколу сезони е в пензија.

Scroll to Top