Top Sport

Рој Хоџсон се закани на маскотата на Ватфорд! (видео)

Пред гостувањето кај Ватфорд во сабота, менаџерот на Кристал палас, Рој Хоџсон ја предупреди маскотата на домашниот тим „Хери д хорнет“ да не се обидува да ги провоцира навивачите на Палас со симулирање на симулирањето на Вилфрид Заха.

Хери го навлече бесот на навивачите на Палас откако пред две сезони го имитираше паѓањето на Заха за пенал, кратко откако Заха доби жолт картон во обид да извлече пенал во 90-тата минута. Хоџсон вели дека такво нешто нема да се толерира.

„Претпоставувам дека маскотата се вика Хери и треба да внимава да не се посрамоти. Фудбалот не е за такви работи, за провоцирање на јавноста на таков начин. Вилф Заха не глуми за пенали. Понекогаш го удираат, но дефинитивно не симулира. Би бил разочаран ако Палас не му советуваат да внимава на своето однесување“, вели Хоџсон.

Scroll to Top