Легендарниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин, оценил дека играчите на Арсенал не поседуваат квалитет, што најдобро можело да се забележи синоќа во Мадрид против Атлетико.
Атлетико со минимален триумф избори пласман во финалето, а Арсенал ја загуби и последната шанса да избори пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.
„Арсен Венгер заслужи повеќе. Мислам дека играчите го добија она што го заслужија, а тоа е едно големо ништо. Го критикував Арсенал изминатите години дека нема карактер, а против Атлетико покажаа дека играчите немаат ниту квалитет“, рекол Кин и продолжил.
„Арсен треба да биде горд на она што го има направено. На Арсенал сега му е потребен нов менаџер, нови играчи…Неверојатно е колку се далеку од Сити, Јунајтед, Ливерпул, Тотенхем и Челси. Пред нив се тешки денови“.
Арсен Венгер, по завршувањето на сезоната ќе го напушти Арсенал. Менаџер на овој клуб тој беше 22 години.