Top Sport

Рој Кин не е импресиониран: Не сум видел толку гушкање по едно дерби

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин не беше задоволен од страста која беше покажана на „Олд Трафорд“ на манчестерското дерби во саботата, кое разочара со 0:0 скор.

Кин смета дека тие кои се гушкале по слабиот меч и сакале „да бидат пријателчиња“ покажуваат што е погрешно во денешното дерби. Мечот заврши со само два жолти картони, откако во минатото секогаш имало барем по некој црвен картон.

„Можеш да бараш многу изговори, не само за денешниот меч, туку за постојаниот недостаток на желба да се победи во фудбалски меч. Два картони во дерби? Никогаш не сум видел толку гушкање и зборување по дерби меч. Сити, како што се очекуваше ја држеа топката во нозете, но беа предвидливи – од страна, назад, без интензитет и вистински квалитет. Јунајтед, мора да се признае, во одбраната беа добри, но немаа квалитет за ништо повеќе. Двата тима беа мног, многу лоши. Сум бил во тимови кои не се помируваат со реми. Се работи за дерби, а Џон Стоунс зборува за тоа што не примиле гол, бла, бла, бла… Треба да одиш на победа. Сезоната е долга, но ова беше разочарувачки“, вели Кин.

Нула во дербито на Манчестер

Scroll to Top