Top Sport

Рој Кин разочаран: Какво е тоа гушкање меѓу фудбалерите на Ливерпул и Јунајтед!

Легендарниот капитен на Манчестер јунајтед Рој Кин беше бесен од тоа што ги забележа фудбалерите на неговиот поранешен клуб како се „гушкаат и бакнуваат“ пред големото дерби на „Олд Трафорд“.

Пред мечот, фудбалерите на средниот ред на Јунајтед, Андреас Переира и Фред се изгушкаа со своите бразилски сонародници Фабињо и Роберто Фирмино и Ирецот едноставно не можеше да го „свари“ тоа. Кин, секако, беше познат по фуриозното ривалство со повеќе фудбалери, а славен е неговиот конфликт со Патрик Виера од Арсенал додека беше капитен на Јунајтед.

„Одиш во војна! Не се гушкаш и бакнуваш со нив, воопшто не ги погледнуваш. Дали е сменет фудбалот? Не, фудбалерите се сменети. Одиш во војна и се гушкаш. Катастрофално. Може да зборуваш со нив по натпреварот, или воопшто да не им кажеш ништо“, вели Кин.

Scroll to Top