Top Sport

Рој Кин си замина од Нотингем форест

Рој Кин најверојатно ќе се врати како менаџер во Англија, откако си замина од позицијата помошник на Мартин О’Нил во англискиот второлигаш Нотингем форест.

Ирецот беше фудбалер на Нотингем од 1990 до 1993 година, пред да стане легенда на Манчестер јунајтед со кои освои седум титули од Премиер лигата. Кин, исто така му беше помошник на О’Нил на позицијата селектор на Република Ирска од 2013 до 2018 година.

„Работењето со Мартин последните неколку години ми донесе фантастично искуство, најголемо кое во фудбалот можете да го добиете. Сакам да му заблагодарам за соработката“, изјави Кин.

Англиските медиуми го поврзуваат поранешниот капитен на „ѓаволите“ со враќање на менаџерската позиција во Чемпионшип, каде што порано беше тренер на Сандерленд и Ипсвич.

Scroll to Top