Играчот на Борусија Дортмунд и германската репрезентација Марко Ројс потпишал нов договор со клубот. Според новиот договор Ројс во Дортмунд ќе остане до 2023 година.
Марко Ројс е еден од најталентираните играчи во својата генерација, но низ кариерата честите повреди го спречија до крај го покаже својот талент. Поради повреда го пропушти и Светското првенство во Бразил каде Германија ја освои титулата.
Неодамна тој се врати на фудбалските терени, по осум месечната пауза. На последните седум натпревари има постигнато три гола.
28-годишниот фудбалер со потпишувањето на новиот договор уште еднаш ја потврди верноста кон Борусија.
Ројс изминатите години имаше понуди од неколку европски екипи, интерес за него покажуваше и Баерн Минхен, но тој не се реши да тргне по стапиките на Левандовски и Хумелс.
Клубот не ги објави финансиските услови под кои Ројс го потпишал новиот договор.